Македонскиот блогер за храна, Cooking with Branko, со нов проект: Food & Wine Experience

 

Нов, природен и вкусен проект доаѓа повторно од кујната на Бранко Попоски, македонскиот блогер за храна познат како Cooking with Branko. Започнете го вашето уникатно искуство со вкусна храна и квалитетно вино и почувствувајте ја другата страна на вистината.

Новиот проект вклучува вкусување на уникатни деликатеси и миризливи македонски вина за потполно уживање на сетилата. Оваа сабота во 14:00 часот, винаријата Сопот ги отвара своите насади со лозје за сите љубители на храна и вино кои што ќе се пријават да бидат дел од уникатниот настан. Вкусното мени е креирано од страна на Бранко Попоски и Александар Наковски. Ексклузивноста на целиот настан се должи на тоа што бројот на посетителите на овој настан е ограничен, но и организиран според сите мерки и препораки за заштита од КОВИД-19, сѐ со цел секој еден гостин да ја доживее уникатноста низ вкусовите на храната, македонското вино, виолината и несекојдневниот амбиент.

Бранко Попоски не престанува да не изненадува со нови креативни вкусови и идеи, како што е и овој уникатен проект, кој што цели на промоција на македонските вина и вкусната храна, за максимално уживање на посетителите.

За да имате можност да уживате во уникатниот амбиент, вкусната храна, виното, со добра музика, резервирајте го вашето место на телефонските броеви  078 360 753 / 075 315 222 или кликнете на линкот https://www.facebook.com/events/768492650605030. Цената за учество на овој ексклузивен настан е 2500 денари.

Не ја испуштајте можноста да бидете дел од оваа магична приказна на Бранко и винаријата Сопот.

x

Check Also

Искористете ја до максимум сезоната на лубеници, направете совршен сок

А, кој не сака лубеница? Убаво изладената лубеница е омилено летно овошје, ...