„МакМода“ во хуманитарен проект: 12 Новогодишни елки – 12 медиумски приказни во Скопје Сити мол

Не ја одминувајте нашата хумана елка, со подарок израдувајте ги „нашите“ 8 дечиња од социјално-загрозеното семејство од с. Орешани. 

Започна голема Новогодишна хумана акција во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со 12 респектибилни македонски медиуми. На вториот кат од трговскиот центар поместени се 12 новогодишно декорирани природни елки. Една елка – еден медиум. Во кампањата се вклучија медиуми од национални телевизии, преку веб портали до радио станици, како Телевизиите: Тв Телма и Тв21, порталите: Сакам да кажам, МКД, Женски магазин, Фактор, Риборн, Мак Мода, Оффнет, А1он, Емагазин и најслушаното – Сити радио. Секој од медиумите одлучи подароците, кои ќе ги собере под својата елка да ги донира за децата на едно социјално загрозено семејство.

Првите подароци под елките веќе ги донираа самите медиуми и со тоа апелираат до граѓаните да ја разбудат во себе емпатијата во празниците кои престојат и да ги усреќат децата од 12те избрани семејства.

Ова е нашата хумана елка која благодарение на Вас има задача да им донесе радост на 8-те дечиња од семејството Лазарови од с.Орешани. Не ја одминувајте, а подарокот предадете го на задолжените волонтери во кампањата.

МАКОМОДА.КОМ Ве повикува да ни се придружите во оваа хумана мисија и да помогнете со дарување на практични или слатки подароци за преслатките деца од социјално загрозеното семејство Лазарови од с. Орешани во кое работи само таткото Сашо. Подароците можат да бидат од чоколада, новогодишни пакетчиња па се до топла облека, подароци со кои ќе им ги разубавиме и ним најубавите празници во годината и ќе направиме да се чувствуваат среќни, исполнети и стоплени.

Не ја одминувајте нашата хумана елка! Не одминувајте ја среќата која треба да ја донесеме до 8 пара подадени рачиња. 

Овој хуман гест, превенствено има за цел да ја подигне свеста на граѓаните и наедно да ги мотивира да донираат новогодишни подароци за деца, кои сe од социјално загрозени семејства. Пред секоја елка – медиум има податоци за колку деца станува збор од социјално загрозеното семејство и на која возраст се дечињата, што ќе им олесни на посетителите околу изборот за новогодишни подароци, кои ќе сакаат да ги донираат. Задолжените волонтери во кампањата ќе бидат достапни за сите заинтересирани посетители да им излезат во пресрет и помогнат околу преземањето на подароците и дополнителни информации околу кампањата.

Хуманата акција ќе трае до 4 јануари 2018 година. Во пресрет на Бадник и Божик, медиумите   ќе ги посетат домовите на овие 12 семејства и ќе им ги врачат подароците.

Затоа ја покануваме јавноста да донира подароци за сите оние дечиња на кои ова многу ќе им значи. Во овие студени зимски денови да ги стоплиме и усреќиме детските срца!

Нашиот портал МАКОМОДА.КОМ ќе се погрижи да собере доволно подароци за децата од семејството Лазарови од с.Орешани. Станува збор за осум деца кои се на различна возраст, тргнувајќи од најмалото момченце кое има две години па се до „поголемките“ девојченца и момченца кои во возраста се различуваат за две, три или повеќе години. 

На „нашите“ дечиња ви препорачуваме да им подарите:

  • ТОПЛА ОБЛЕКА И ОБУВКИ (не мора да е нова, туку да е сочувана и нослива)
  • ЗИМСКИ ДОДАТОЦИ (шалчиња, капчиња, ракавици)
  • ИГРАЧКИ
  • ЧОКОЛАДА И ДРУГИ СЛАТКИ („Плазма“ кекси, „наполитанки“, житарки, „мусли“ и сл. производи)

 

x

Check Also

Сите во исчекување?! Што е тоа што ни го подготвува Sport Vision?!  

  Веќе неколку денови низ Скопје струјат информации дека нешто големо се ...