Макпрогрес на еден од најважните саеми во САД – Summer Fancy Food Show

Макпрогрес се претстави на најважниот саем од прехранбената индустрија во САД, Summer Fancy Food Show во Њујорк, што се одржа од 30 јуни до 2 јули 2018 година.

Компанијата изложи производи од своите брендови Винчини, Натура, Дониа и Фантазија, и предизвика голем интерес меѓу посетителите, особено со новите локуми на Дониа.

„Локумот на Дониа е многу добро прифатен каде и да го претставиме, тоа е производот што предизвика најмногу интерес и на овој настан како висококвалитетен традиционален деликатес.

Како Дониа, така и останатите брендови на Макпрогрес со производите што ги изложивме, беа повод за многу остварени средби со дистрибутери од цел свет и потенцијални контакти за пласман на нови пазари“ – изјави Јасмина Илиева, извозен менаџер во Макпрогрес.

За Summer Fancy Food Show велат дека не се раскажува, мора да се искуси со сите сетила, да се види, помириса и проба. Тоа е најголемиот саем за прехранбени индустрии што се одржува во Северна Америка и воедно најважното место каде се претставуваат иновациите од индустријата. Тоа е настанот на кој се предвидува иднината на храната!

Пресликано во бројки, се претставуваат: 80 000 специјални производи за прехрана и пијалоци од 2 600 производители, увозници и дистрибутери на 360 000 квадратни метри изложбен простор. Во тој простор се отвараат илјадници можности за вмрежување и разменување на искуства, организирани еден-на-еден средби со производители и дистрибутери, како и однапред профилирани спојувања на производители и клучни купувачи. Настанот се реализира низ богата програма, едукативни семинари, работилници и тури кои обезбедуваат детална обука предводена од индустриски експерти.

„Доколку го посетите саемот ќе откриете многу  иновации и продукти, ќе направите клучни бизнис конекции и ќе добиете слика за трендовите на храната во иднина. Но, да се биде изложувач на саемот и да се претстави она што сте го работеле со својот тим години наназад, значи многу повеќе. Значи дека сте рамо – до – рамо со светските играчи во индустријата, дека вашето производство е одобрено на различни сертифицирани нивоа и вашето производство вреди да биде претставено пред светската јавност. Горди сме што Макпрогрес од Македонија беше дел од ова доживување“ –изјави Билјана Траjкова, извозен менаџер во Макпрогрес.

x

Check Also

Втора вечер на „Мала Италија патува“ посветена на пациентите од Онколошкото одделение од Детската клиника во Скопје

„Како што знаете Мала Италија патува настана спонтано, од голема љубов кон ...