Макпрогрес организира посета на Зоолошката градина во Скопје за своите вработени и нивните најблиски

Во неделата, 22 септември, компанијата Макпрогрес Виница реализира еднодневен семеен ден за своите вработени, организирајќи интересно едукативна посета на Зоолошката градина – Скопје. Вработените заедно со своите блиски, партнери и деца имаа можност да се дружат, да поминат забавен ден и да видат што ново има во зоолошката градина, да ги хранат животните, да видат посебно шоу со морскиот коњ, и да се едуцираат од стручни лица вработени во Скопје ЗОО.

Целта на ова патување е пред се дружењето и поттикнување на вистински вредности, како јакнење на тимскиот дух, и пред се да се покаже дека вработените се важен дел од оваа компанија.

Радоста на најмладите беше ставена во фокус, кои поставуваа најразлични прашања и се едуцираа на теми поврзани со животните. Во текот на целата посета децата се дружеа со нивната пријателка, кравичката Алми, која им подели и подароци.

Најголемата вредност за една компанија се нејзините вработени, а тоа најдобро го покажува Макпрогрес Виница, која редовно дава до знаење колку се грижи за сите членови на компанијата, но и за нивните најблиски. Макпрогрес Виница редовно зема учество во групни активности за вработените во компанијата. Почнувајќи од традиционалната Винчинијада, преку која Макпрогрес организира неколкудневни посети на различни локации за вработените, па сѐ до ваквите чести настани на кои вработените заедно со нивните најблиски можат да се почувствуваат како дел од големото семејство на Макпрогрес.

 

x

Check Also

Утревечер светска премиера на „Врба“ на Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на ...