Често изненадува со погрешниот избор на гардеробата, со несоодветните дневни и вечерни комбинации, но некогаш знае и многу пријатно да изненади.
И сосема разбираме што глумицата експериментира со стилот, вообичаено нешто за 22-годишна девојка.
Овојпат (во Лос Анџелес) го покажа своето секси издание одбирајќи за дневна комбинација (ручек со пријател) црн лелеав плисиран фустан со смело деколте, јасно покажувајќи дека се придружува на веќе долгата листа на ѕвезди кои го форсираат неносењето на градник.
Сребрениот ѓердан и интересните црни чевли на висока потпетица го надополнуваат секси изгледот.
Баш инспиративно.