MANGO ги претстави пролетните трендови, еве што ќе носиме во новата година

Можеби пролетта ви изгледа далеку, но добро е да „фрлиме“ поглед на модните парчиња кои ќе ги сакаме (и носиме) догодина, кога температурите ќе станат многу попријатни.

Популарната шпанска модна марка Манго ги претстави трендовите за пролетната сезона. Во центарот е Лорен Хатон стилот, кој го краси елеганцијата. Боите се нежни и пастелни, или неутрални. Да, карирани сакоа ќе продолжиме да носиме и во 2019 година, а во пролетните колекции ќе не пресретнат и карираните материјали дизајнирани во здолништа, со мини и миди должина.

Во пролетта 2019, според Манго, ќе владејат правилата на едноставноста. Инспирацијата доаѓа од 90-те години, а белата боја се враќа на голема врата, па ја гледаме кај трендовските чантички што се носат околу струкот, чизмите и сукњите. Од детаљите – најголемата игра ќе биде кај копчињата.

Убава вест и за љубителите на мометно најтрендовскиот принт – анимал принтот. Тој останува во игра, но овојпат е посуптилен, поточно овојпат тој е инспириран од Дивиот Запад и каубојскиот стил. Во центарот на вниманието остануваат каубој чизмите, ама ќе носиме и удобни рамни влечки со „анимал-вестерн“ принт.

x

Check Also

Невидено ниски цени на Sport Vision Bazaar!  

  Спортската сала „Расадник“ е местото каде ќе може да ја посетите ...