Манго го претставува новиот Сеат МII

Во соработка со Сеат (SEAT) брендот создаде специјална едиција на градскиот автомобил Mii.

seat 2 Двете марки организираат уникатен натпревар во кој учесници од целиот свет можат да освојат атрактивни награди дизајнирајќи модни додатоци Mii by MANGO

Манго,најинтернационалниот шпански моден бренд ги спои силите со Сеат и лансираше специјална едиција на градското возило Mii која ќе биде претставена на следното изданеие на 080 Барцелона Фешн од 27 до 31 јануари.

Новиот SEAT Mii by MANGO со својот атрактивен надворешен и внатрешен дизајн ќе биде достапен кај дилерите на автомобилот ова лето. Моделот е направен во две бои, бежова и црна, персонализирана надворешност, електронски ретровизори со загревање. Внатрешноста пак, содржи практични додатоци како закачалка за ташна и и огледало на визорот од страната на возачот, како и специјални патосници, педали и клуч со посебен амблем.

Новиот модел создаден од Сеат и Манго доаѓа со многу изненадувања и атрактивен натпревар на светско ниво, кој има за цел да ја награди кретивноста и оригиналноста на корисниците на интернет и социјални мрежи. Првите 1.000 автомобили ќе бидат доставени со три додатоци: чадор, чанта и дополнителен моден додаток дизајниран од страна на учесниците во онлајн натпреварот.

Во натпреварот може да учествуваат корисници од било кој дел од светот со тоа што ќе направат уникатен дизајн на модниот додаток за новиот автомобил, стекнувајќи се со можност да добијатмногу атрактивни награди. Натпреварот започнува денес и ќе продолжи во следните пет недели. Повеќе информации и детали можете да најдете тука.

 

 

x

Check Also

Се отвора изложбата Panic Room во Музејот на современата уметност

На 2 октомври во Музејот на современата уметност – Скопје, со почеток ...