MANGO има прекрасни комбинезонки во новата колекција

Комбинезонките ги обожаваме бидејќи со едно парче облека сме целосно дотерани. Одлична замена се за фустан, дури и попрактични за носење. За преодната сезона шпанската модна марка Манго ни носи повеќе модели на елегантни комбинезони, од кои издвојуваме 5 наши фаворити.

Додека црвената боја останува и понатаму доминантна во колекциите, особено интересни се и комбинезонките од тексас, како и моделот со полка точки кој заслужува посебно внимание.

Во продолжение погледнете ги 5-те модели кои не сакаме да ги пропуштиме до почетокот на пролетта.

x

Check Also

Голема распродажба со попусти до 80 отсто во Веро центар

Голема летна распродажба со попусти до 80 отсто ќе почне задутре (среда, ...