MANGO има супер чантички со змијски принт

Животинскиот принт, особено змијскиот, е фаворит за сезоната есен/зима 2018.

 

А, модната марка Манго, освен што има прекрасни модни парчиња со змијски и анимал принт, пријатно не изненади со моделите на чанти со змијски принт.

mango есен/зима 2018

Ако ви е премногу да се облечете според трендот – од главата до стапалата во анимал принт, добар компромис е да го носите трендот преку моден додаток, како што се малите чанти. Тие дефинитивно ќе ја подигнат вашата модна комбинација и на вашиот  моден изглед ќе додадат шарм.

Во Манго најдовме 7 преслатки чанти со трендовскиот принт кои не освоија „од прва“. Посебно „ин“ е геометриската мини чантичка која перфектно ќе се вколпи во беж модните комбинации какви што царуваат оваа есен.

Проверете го нашиот топ избор од Манго во фотогалеријата.

x

Check Also

Топ 4 комбинезони од летната колекција на Massimo Dutti

Ги сакаме комбинезоните зашто со нив не размислуваме многу со што ќе ...