MANGO има супер обетки за пролетните денови

Естетитаката на Mango е препознатлива – популарната модна марка секогаш успева да ја задржи автентичната нота со која се одвојува од морето на трендовските брендови.

Како и кај гардеробата, така и кај обетките, тие се препознатливи, едноставни, минималистички, но доволно впечатливи. Обетките во кружна форма и оваа сезона остануваат во модна игра, но освен нив, актуелни се обетките во силни бои кои секако ќе ја збогатат секоја модна комбинација. Во колекцијата се присутни и асиметричните обетки кои вусшност и не се новина во дизајните на обетки кај Манго, но секогаш се децентни и префинети.

Мотивите како школки или земјаните бои се само некои од весниците на пролетта, а ваквите модели одлично се комбинираат со романтична облека.

Погледнете дел од понудата.

x

Check Also

Пристигна колекцијата есен/зима: Луис & Кларк во новата кампања за мултибрендот FASHION&FRIENDS

Момче скриено позади маската на срамежлив новинар и бестрашната репортерка се главните ...