MANGO ја претстави новата Committed колекција од рециклирани материјали

Новата Committed колекција на Манго се состои од рециклирани ткаенини, волна, органиски памук, биоразградливи влакна како што е Tencel TM или рециклирани ткаенини како вискоза.

Колекцијата содржи модни парчиња во модерни кроеви, доминираат минималистичките силуети, а од нијансите – бакар, бела, беж и кафена.

Акцентот е на миди фустаните, џемперите и костумите, но тука е и еден прекрасен чифт чизми.

Популарниот „хај-стрит“ бренд најави дека ќе користи се повеќе природни материјали и дека планот до 2022 година е 50 отсто од памучните модни парчиња да бидат произведени на еко-френдли начин.

Во фотогалеријата погледнете дел од колекцијата.

x

Check Also

Стартува есенската WOW распродажба со попусти до 80% во Веро центар

Почнува најголемата есенска распродажба во продавниците во Веро центар во Скопје со ...