MANGO – Колекција за на плажа

Модната марка Манго ни носи интересни модни парчиња за уживање под сонцето и модерен изглед за на плажа.

Најнеопходни модни парчиња за оваа сезона се костимите за капење во светли нијанси и принтови инспирирани од морето. Од модните додатоци во тренд се плетените чантички, шапки и сандали со змијски принт. А тука се и ѓерданите со детаљи од морето и очилата за сонце со забавни рамки во форма на срце.

За оние кои го преферираат покласичниот стил, Манго нуди црни едноделни костими за капење, како и црвени дводелни костими украсени со карнери.

Не заборавајте и на шарените, лесни мини фустанчиња со весел принт.

x

Check Also

Есен во стилот на 70-те со новите модни парчиња од MANGO

Есенската колекција од Манго воодушевува и не навраќа на духот на 70-те ...