Mанифестaција посветена на мартинките, културното наследство на УНЕСКО, ќе се одржи во Скопје

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2019“ по шести пат ќе биде отворена на 27 февруари во 12 часот на првиот кат во трговскиот центар „Капитол мол“ во Скопје. Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ и претставува дел од активностите поврзани со интернационалната апликација во УНЕСКО по повод признавањето на овој традиционален украс како нематеријално светско културно наследство.

Настанот ќе биде отворен до трети март и ќе бидат изложени оригинални рачно изработени амајлии од Македонија, Бугарија и Романија, а постановката ќе биде збогатена и со едукативни панели, визуелизација на мартинките преку археолошки предмети, продажна галерија со ракотворби и креативни работилници за деца.

ХАЕМУС помина цел процес на метаморфози и статусот кој УНЕСКО ни го додели како носители на светско културно наследство е нешто највисоко до коешто веројатно може да стигне една граѓанска организација во светот. Во оваа мисија ни помогна нашето повеќегодишно искуство од областа на културниот менаџмент, специјалните обуки коишто ги поминавме за нематеријално културно наследство, како и поддршката којашто ја имаме од државните институции, граѓанските организации, бизнис секторот, па сѐ до самите граѓани кои го практикуваат овој обичај – вели Василка Димитровска, директор на „ХАЕМУС“.

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2019“ се прави со поддршка од Министерството за култура, град Скопје и Капитол Мол под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси.

x

Check Also

Листа на желби: Летна чанта од MANGO

Какошто деновите стануваат се потопли, размислуваме за летна, лесна чанта, иста онаква ...