Маникир: Џенифер Лопез ја врати во мода неон-сината боја на нокти

Поп ѕвездата промовира нова мода на нокти за есенската сезона – темносиниот неонски лак.

Трендовите на нокти се менуваат постојано, па тешко и кој веќе може да и следи…Така и за оваа есен – бројни трендови на нокти се најавија, а Џенифер Лопез форсира свој тренд инспириран од 90.те години. Станува збор за враќање во „игра“ на темносиниот лак за нокти, поточно на неонската нијанса.

Такви нокти Лопез претстави на промоцијата на нејзиниот филм Hustlers, и оваа нијанса веднаш стана есенски хит за 2019. Идеите за трендовски маникир со сина нијанса се бројни. Можеме да избереме традиционален маникир со сина нијанса што ќе го користиме на сите нокти, без разлика дали лакот е сјаен, неонски или не е. Доколку пак сакаме „жив“ резултат, може да се фокусираме на „електрична“ нијанса, како оваа на поп ѕвездата, а ако поводот е формален, може да одбереме „позадушена“ сина нијанса.

Сината е исто така совршена нијанса за уметнички интервенции на ноктите, од најнеобични и екстравагантни до понежни решенија.

 

x

Check Also

L’Oreal Paris лансираше капсулна колекција во чест на Карл Лагерфелд

Познатиот козметички бренд му оддаде чест на модниот гениј Лагерфелд со капсулна ...