Маноло Бланик, креатор на чевли подобри и од сексот

Единствена мода која никогаш не минува се чевлите со високи потпетици.  Можат да личат на скулптури или на уметнички дела, ама никако не се справи за мачење. Барем, кога е во прашање Маноло Бланик.

blanik 6

Својата кариера ја започна во 70-те години и се уште воодушевува со вонвременскиот дизајн. Маноло Бланик е најпознат по своите гламурни секси чевли кои станаа еднакво славни како и жените кои ги носат.

blanik 5

Неговите чевли најчесто се изработени од боена кожа, шпицести, а според вистинските љубители – тие се едноставно неодоливи. Сакаш да ги прошеташ по улица или дури да ги одвлечкаш во кревет.

Личат на чевли за принцези, со штрас, копчиња, панделки, нитни, синџири, ленти, свила, тантела, крзно, ноеви перја…И додека Ферагамо упорно тврдеше дека стилот не е доволен и дека чевлите мора да бидат удобни, Бланик на критиките дека неговите чевли се справи за мачење, мирно одговараше – „Тоа не сум го чул. Жените ми велат дека ги обожаваат моите чевли, а многумина од нив не ги ни соблекуваат“.

blanik 4

Чевлите на Маноло Бланик ги носеле бројни славни личности. Од принцезата Дијана, преку Џери Хол, до Кајли Миног и Мадона.  Во една пригода, Мадона вака ги опиша Бланик-чевлите – „ тие се подобри и од сексот, а и траат многу подолго!“.

blanik 7

Маноло Бланик е роден во 1943 година на Канарските острови, пред да замине во Париз студирал право и литература на женевскиот универзитет. Во Париз стигнува во 1968 година, на студиите по уметност, а две години подоцна се сели во Лондон. При една посета на Њујорк, го покажува своето портфолио на неколкумина модни уредници, меѓу кои и на Дијана Вриленд, уредничка во Вог. Таа го поттикнува да се концентрира на дизајн на чевли. По извесно време Бланик се поврзува со еден италијански производител на чевли и во 1973 година го отвора својот прв бутик, во Лондон. Прв постојан клиент му станува Бјанка Џегер. За кратко време Маноло Бланик станува еден од најбараните дизајнери на чевли, престиж за богатите и славните.

Manolo Blahnik - Presentation: London Fashion Week SS14

Првата колекција ја дизајнирал за Оси Кларк во 1972 година. Само една година подоцна неговите чевли веќе можеа да се видат на ревиите на Келвин Клајн, Кристијан Диор, Ив Сен Лоран, Џон Галијано и Мајклс Корс.

Врвот на славата го доживува кога неговите чевли стануваат „споредна улога“ во сериите Апсолутно прекрасно и Сексот и градот.

Од колекцијата пролет/лето 2014

Од колекцијата пролет/лето 2014

Во модните кругови често се прераскажуваат анегдотите во врска со овој ексцентричен мајстор за чевли. Една од нив вели дека ако Бланик еднаш одлучи да го нашушти овој занает, нема веќе да има ни „манолинки“ бидејќи не постои ни наследник ни ученик.  И  Бланик го потврди тоа. Рече- „не сакам моето име да живее без мене“.

Колку тогаш би чинеле чифт чевли со неговиот потпис? Се претпоставува, дека би можеле да достигнат цена на една слика од врвен уметник.

 

Ј.Кантарџиева

x

Check Also

Новогодишна колеција на H&M

Моделките Хана Фергусон и Андреа Џакону, шефот Маркус Самуелсон и неговата сопруга ...