Мараја Кери прераскошна за наш вкус (ФОТО)

Иако настојуваше да се појави во најгламурозно издание на големиот настан на кој свечено се палат светилките на елката во Рокфелер центарот, Мараја Кери изгледа кич, барем за наш вкус.

мараја кери

Иста како и божиќната елка, целата во светки и со прилично повеќе килограми на себе, Мараја Кери блесна заедно со светилките кои се запалија означувајќи го почетокот на празниците.

На настанот присуствуваа илјадници посетители. Станува збор за една од најсвечените церемонии која се одржува во Њујорк пред почетокот на Божиќ.

Ладното време не и пречеше ни на 43-годишната пејачка која настапи во фустан кој дополнително и ги нагласи облините.

Ова е 81. по ред палење на светилките на божиќната елка во Њујорк, а Мараја на истиот настан настапи и во 2010 и во 2012 година.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...