Марго Роби и Леонардо ди Каприо блеснаа на црвениот тепих во Рим

Леонардо Ди Каприо и Марго Роби ја продолжија прес-турнејата за фимот „Once Upon a Time in Hollywood“ , и овојпат се појавија на црвениот тепих во Рим. Филмот инаку, во режија на Квентин Тарантино, беше претставен за првпат во мај на Канскиот филмски фестивал, а неодамна се случија премиерите во Велика Британија и Берлин.

На премиерата во Италија, Лео и Марго блеснаа на црвениот тепих – таа во секси модна комбинација, а тој во беспрекорен елегантен костум.

Модниот избор на глумицата беше жолт макси фустан на бретели, а изгледот е надополнет со дискретна шминка и впечатлив црвен кармин.

На италијанската премиера во Рим не присуствуваше Брет Пит кој исто така глуми во филмот, но пред бројната публика глумците се поврзаа со колегата преку телефонски повик од Лос Анџелес.

 

x

Check Also

Изглед на денот: Селена Гомез во фустан од новата колекција на Версаче

На доделувањето на Американските музички награди, вниманието го украде пејачката Селена Гомез, ...