Принцезата на Австрија и кралица на Франција и Навара, Марија Антоанета, е новата инспирација на Диор.
Марија Антоанета и понатаму останува инспирација на многу модни дизајнери и уметници. Речиси секоја сезона во модата омаж и прави барем еден дизајнер инспириран од неа, од нејзините чевли, накит или општата снобовштина, која живее тотално надвор од реалното време.
Цветови и нежни нијанси, доминација на беж бојата, Диор ја најавува пролетта инспириран од Марија Антоанета, поточно од нејзината приватна резиденција која се наоѓа во близина на Версај.
Пролетната линија на декоративната козметика на Диор ќе биде достапна во сите продажни места на Диор низ светот од 15-ти јануари.