Марија Михаилова: Светските модни блогерки ми се најголемата инспирација!

Зависна сум од блогови и ако барем еднаш дневно не разгледам што има ново на „Bloglovin“ нема да издржам.

marija 1

„Мојот стил претрпе и добри и лоши фази уште од мали нозе. Постојано ја терав мајка ми да ми шие се’ што ќе замислам. Па така има фотографии на кои сум преслатка, но има и фотографии кои сакам да ги чувам во тајност“, вели Марија.

marija 2

Откако го започнала блогот во октомври 2012  на Марија Михаилова и се случиле многу промени. Порано била помалку храбра во однос на експериментирањето, си замислувала милион комбинации, но на крај се’ се сведувало на нешто што нема да ја издвои од останатите.

marija 4

„Сега веќе не е така- вели таа – го обожавам тој street style  и сакам да експериментирам. Нешто што многу ми се допаѓа во последно време е комбинација на спортското со елегантното. Ме освојуваат фармерки и спортска маичка или оние со натпис во комбинација со високи потпетици“.

marija 9-9

marija 5

Марија е „луда“ по накит. Вели дека не би можела да се замисли да излезе од дома без на себе да има барем едно парче накит.

marija 7

marija 6

„Избирањето на накитот и комбинирањето со мојата гардероба е посебен процес во моето подготвување за излегување. Морам убаво да осмислам се’, па така ако немам доволно време ќе ставам барем еден прстен или обетки, само за да не бидам без никаков накит на себе“.

На блогот постира за своите комбинации, но и за своите инспирации и се’ она што мисли дека вреди да се сподели со љубителите на модата.

 

x

Check Also

Збогум Питер Линдберг, великан на модната фотографија

На 74-годишна возраст почина великанот на модната фотографија – Питер Линдберг. Линдберг ...