Марк Џејкобс се венчаше со моделот Чарли Дефранческо

По спектакуларната веридба која се случи минатата година во октомври, во елитен ресторан во Њујорк, славниот дизајнер Марк Џејкобс (55) се венчаше со својот долгогодишен партнер.

За разлика од веридбата, свадбата која се случи за овој викенд, помина во помирен тон. На интимното венчавање присуствувале пријателите и членовите на семејствата, а по церемонијата следувал  „black tie“ прием во елитниот ресторан на Менхетен, The Grill.

Кој е Чарли Дефранческо?

Марк Џејкобс за свој сопруг го одбра Џарли Дефранческо чиј мајчин јазик е француски. Израснал во Швајцарија каде родителите воделе интернат. Со неполни три години, семејството се преселило во Лос Анџелес. Дефранческо студирал политички науки, а после студиите отворил бутик за облека наменета за хипи и за тренди мажи. Но, бидејќи економски не стоел добро, прифаќал и ангажмани на модел, а работел и како келнер во кафиќ во Њујорк, каде се преселил. Во тој период го запознава дизајнерот Џејкобс и станува негов џет-сет партнер за почеток. Парот на почеток доста време поминувал во Париз и на егзотични одмори на островот Сент Барт каде со друштво организирале забави.

Во меѓувреме, Дефранческо повторно почнал да работи како модел и тоа за долна облека, па почнал интензивно да се дружи со пријателите на дизајнерот, Наоми и Кејт Мос.

На свадбата на Џејкобс и Дефранческо присуствувале и нивните пријатели Наоми, Кејт Мос, сестрите Хадид, Рита Ора и други, а подоцна се појавила и Ана Винтур.

Ана Винтур

Каја Гербер

Кејт Мос со ќеркаси Лила

Рита Ора

Наоми

 

 

x

Check Also

Ријана во секси фотосесија за празничната кампања на Savage x Fenty 

Празничната кампања на Savage x Fenty е насловена Xtra VIP кампања.  Пред сезоната ...