Марк Џејкобс лансираше шминка за мажи, по негов пример тргна и Том Форд

Познатиот моден креатор Марк Џејкобс ја лансираше линијата на шминки за мажи во соработка со Сефора.

marc 2

„Лично ги испробав производите. Погледнете какви ми се веѓите и какви ми се сензуални усните“, вели њујоршкиот дизајнер кој беше дел од компанијата Луј Витон.

Производите се продаваат по цена од 15 долари за сјај за усни до 37 долари за сенки за очи.

Во видеото кое е дел од промотивната кампања на декоративната козметика за мажи самиот креатор објаснува како се употребуваат производите.

А ова се неговите топ-3 производи од колекцијата – на прво место е коректорот кој ја корегира кожата под очите, по него се гелот за веѓи и сјајот за усни со вкус на нане.

По примерот на Џејкобс, следниот месец на пазарот ќе се појави декоративната козметика за мажи со потпис на Том Форд.

x

Check Also

Жизел Бундшен го рекламира новиот серум против стареење на Dior

Најплатениот супермодел во светот, Жизел Бундшен, се врати да позира за Dior. Бразилскиот ...