Марк Џејкобс со хумор против инцидентот

По втор пат продавницата на Марк Џејкобс е ишарана со графити. Дизајнерот одговори- машки.

mark jakobs 1

Бутикот на креаторот Марк Џејкобс во понеделникот беше ишаран со графити од страна на итиот уметник кој минатата години направи инцидент со графитот нацртан преку влезот на бутикот во СоХо.

Овојпат графити-уметникот Кидулт, со светло зелена боја напиша 686, број кој се однесува на бројот на продадени маички со потпис на Џејкобс веднаш по ланското вандализирање на бутикот.

Џејкобс му се обрати овој пат на Кидулт преку Твитер, повикувајќи го да дојде во Париз на отворањето на новата инсталација за новиот @therealkidult.  „ Гордо ја подржуваме уметноста“, додаде креаторот.

mark 2

Истиот ден подоцна Џејкобс објави на Твитер фотографија од новата серија маички на кои има принт од графитот. Маичките ќе се продаваат потпишани во продавницата по цена од 686 долари, а непотпишани по цена од 430 долари.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...