Марк Џејкобс лансира козметичка линија

Марк Џејкобс застанува на теренот на кои малкумина креатори пред него успешно зачекорија – на територијата на козметиката.

mark 1

Во соработка со Сефора, модниот креатор лансира живописна декоративна козметичка линија, која вклучува од сенки за очи до моливи и лак за нокти.

Иако само малкумина модни креатори успешно се снајдоа во козметичкиот бизнис, гигантот Сефора е сигурен во успехот на козметичката линија на Џејкобс која за почеток ќе биде изложена само на полиците на продавниците на Сефора во САД и Канада.

Производите на јавноста ќе и бидат достапни од 9 август, а акцентот е ставен на светлите тонови и луксузните пудри дизајнирани од модниот креатор. Линијата е толку лична што дури и моливите за очи и маскарите, наречени Blacquer, се инспирирани од црната лакирана маса во домот на Џејкобс. Единствено што недостасува се природните бои.

„Не ги сакам природните бои, ми изгледаат прилично здодевно“, вели Џејкобс.

 

x

Check Also

Дрогериите dm подаруваат бесплатна промена на изгледот

Дрогериите dm на сите заинтересирани им подаруваат бесплатна промена на изгледот со помош на ...