JZJ

MARRIOTT BRIDAL FASHION пролет/лето 2019

Вчеравечер, идните невести ги одбираа најубавите венчални фустани на седмото издание на “The Bridal Fashion Night”, настан кој е комплетно посветен на свадбениот ден, а се одржа во „Скопје Мериот Хотел“.

Во организација на Моден Викенд Скопје и Скопје Мериот Хотел, на вечерта посветена на идните невести, посетителите ги проследија последните колекции на венчални фустани и свечени тоалети од модните дизајнери: “Minna Fashion”, која го отвори ревијалниот дел на настанот, а венчалната колекција која беше инспирирана од готската уметност, содржеше многу интересни аксесоари и цветови. Веднаш потоа, посетителите имаа можност да ја видат најновата колекција на “Anna Bora Atelier” наречена „Пчела во снег”. Студио “Marie Antoinette” преку сензуалната елеганција на тоалетите ја претстави женственоста на модерната и самоуверена жена. Спектакуларната и храбра ревија на “JZJ by Zlatko Jovanovski” – Couturier со колекцијата “JZJ THE GREAT”, го доведе до крајот ревијалниот дел на “The Bridal Fashion Night”. Посетителите на настанот ја имаа можноста одблизу да се запознаат со услугите и условите кои ги понуди Скопје Мериот Хотел, кој со својата одлична локација и уникатен простор е идеално место за вашата венчавка од соништата.

Lisca

LISCA” преку моден перформанс ги претстави најновите трендови на долна облека за идните невести да можат да се чувствуваат сензуално, привлечно, самоуверено и удобно на својот посебен ден.

Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа–Бу” кое е специјализирано арт-студио за изработка на несекојдневни фустани од свежо цвеќе и оваа година  на “The Bridal Fashion Night” се претстави со нова и единствена креација.

FaBu

Брендот за уникатен италијански накит “Sigma Jewelry” ги претстави новите трендови за претстојната сезона, со колекција наменета за секоја модерна ипрефинета невеста.

Модната куќа “Astibo“ исто така беше дел од овој моден настан со својата колекција ASTIBO MAN TUXEDO”, кои ја претставија својата нова машка линија за сите идни младоженци со стил.

Специјален гостин на настанот беше поп – пејачката Фјола Морина која зачекори на модната писта во последната креација на дизајнерот “JZJ by Zlatko Jovanovski ” од најновата колекција „JZJ THE GREAT”, со која и се затвори ревијалниот дел на “The Bridal Fashion Night”.

За изгледот на манекенките се погрижи официјалниот партнер за фризура „Inebrya“ во соработка со салонот за убавина „Beauty bar“, а ги разубавуваше „Kryolan“ –официјален партнер за шминка во соработка со Школа за убавина – „Арт”. Чевлите кои ги носеа моделите на настанот доаѓаат од уникатниот и претпознатлив бренд за чевли „Shevro Shoes”

Anna Bora

Marie Antoinette

Minna Fashion

x

Check Also

Листа на желби: Летна чанта од MANGO

Какошто деновите стануваат се потопли, размислуваме за летна, лесна чанта, иста онаква ...