Мартина Стојановска: Авон ми помага да си го дозволам тоа што го сакам!

Разговараме со Мартина Стојановска, координатор во Авон (AVON), скопјанка,  студентка на Факултетот за Електротехника и информациски технологии, а во слободно време се занимава со фотографија. Вели дека е личност која што и да си зацрта пред себе, го исполнува, па така и со Авон. На тимот се приклучила пред 7 години, пред сè за забава, но поради големата желба за напредок, напреднала и нејзината титула. „Која девојка не сака да се занимава со козметика“, вели Мартина.

Martina Stojanovska

Како би ја опишала работата во Авон? Што те мотивираше да станеш Авон претставник и како напредуваше?

Кога се приклучив пред околу 7 години, морам да признаам и дека не знаев многу за компанијата. Имав 16 години и првичниот мотив беше да правам нешто интересно. Во тој период немав сопствени парични средства и секако многу ми значеше заработката од Авон, а за кратко време ми беше понудена можност и јас да станам координатор, па набргу си ја оформив групата. Денес оваа работа навистина ми претставува задоволство. Ми овозможува да запознавам и да се дружам со најразлични луѓе со различни возрасти и карактери, а ми се допаѓа и што не ми одзема повеќе од 2-3 часа во денот.

Покрај сите предности, што би издвоила како најголема придовика и мотивација во оваа работа?

Првенствено ме мотивира тоа што работам и се сретнувам со голем број на луѓе. По природа сум дружељубива и ме исполнуваат контактите кои ги стекнав низ работата со AVON, а понатаму и сите конференции кои ги организира компанијата, професионалните обуки, можноста за заработка, бонус програмите итн.

Во однос на обуките, дали ти помогнаа за твојот професионален развој?

Со обуките научив многу работи, а особена предност е токму усовршување во работата со луѓе која сметам дека е најважна во секоја професија. Обуките се бесплатни и имаат најголема заслуга за мојата работа во AVON и за добрите особини кои ги стекнав.

Мартина Стојановска и Артина Јумниу

Мартина Стојановска и Артина Јумниу

Какви наради и бонуси си добила досега во  Авон?

Сум добивала повеќе награди и признанија, бесплатни производи, повеќе награди на конференциите на AVON, но и повеќе парични бонуси кои ми помогнале да си дозволам нешто што го сакам. Последно што би го издвоила е професионален фотоапарат кој си го купив со бонусот од AVON.

Што сакаш да постигнеш во Авон, кои се твоите соништа?

Целта ми е да си ја зајакнам групата и да си ја зголема титулата во Сениор менаџер, со што ќе ми се зголеми и заработката и можностите. Овој сон не е недостижен.

М.М

x

Check Also

#IStayHomeFor апел на социјалните мрежи од ѕвездите во борба со коронавирусот

Од Дејвид Бекам до Ема Вотсон, од Натали Портман до Шерон Стоун: ...