Масерати ја осветли виа Монтенаполеоне

Во Милано божиќната магија се чувствува на секој агол.

elka 4

Додека на плоштадот Кастело (Пјаца Кастело) се случува традиционалниот Ох, Беј, Ох Беј, на плоштадот Дуомо е веќе поставено божиќното дрво високо 30 метри, со прекрасни лампиони и лед-светилки, а виа дела Спига е декорирана со мали, весели кутивчиња кои светкаат, подарени од Тифани.

Плоштад Дуомо

Плоштад Дуомо

И Масерати партиципираше во креирањето на божиќното расположение, иницирајќи го настанот Божиќно шопинг искуство (Christmas Shopping Experience) во соработка со Асоцијацијата виа Монтенаполеоне, која по третпат ги слави празниците со посебна декорација, сценографија, музика, гастрономија и сервис „по мера“ за клиентите на бутиците.

Божиќна елка Масерати на виа Монтенаполеоне

Божиќна елка Масерати на виа Монтенаполеоне

Масерати божиќната елка е висока 9 метри и зрачи со елеганција.

„Виа Монтенаполеоне го претставува италијанскиот луксуз. Среќни сме што ја започнавме оваа иницијатива која им се допадна на жителите на Милано, како и на туристите кои минуваат оттука, на божиќен шопинг. Станува збор за комбинација која ја претставува италијанската елеганција и осветлување на една од најпопуларните улици на модата, а за тоа придонесе Масерати“, рече Џулио Пасторе, генерален директор на Масерати за Европа.

Марчела Бенети

x

Check Also

Златни можности со златна картичка на Халкбанк

Поседувањето и користењето кредитна картичка е огромна предност која со себе носи ...