Германската модна марка Hugo Boss продолжува да нуди елегантни и минималистички модели на чевли и комбинации кои ќе го разубават секој маж и ќе го освојат срцето на секоја жена.
Новата колекција за пролет/лето 2017 донесе интересни креации во класична црна и кафена боја, кои може да се носат во различни пригоди – на работното место, на посвечени настани или пак, во кежуал варијанти.
Погледнете ги новите модели и зачекорете во пролетта со многу стил.
Колекцијата е достапна во продажба во брендираната продавница HUGO BOSS на Плоштад Македонија.