Машка колекција на Спрингфилд за пролет/лето 2014

Новата машка колекција на модната марка Спрингфилд (Springfield) за потоплите денови е веќе во продавниците.

Offwhite 1 Целосно бело

Природен пристап кон машката секојдневна облека. Белата и неколку нијанси на бежова боја доминираат, а се балансирани со сиви и сини нијанси. Избелувањето на материјалите е карактеристично за оваа линија. Маиците имаат едноставни принтови кои речиси се претопуваат во позадината.

Offwhite 2Offwhite 3Offwhite 7Offwhite 10Offwhite 6Offwhite 4 Хемптонс

Софистициран тренд со современ белег. Пастелни бои во комбинација со темно сина и бела. Блејезерите и кошулите со ситно каро се задолжителни за ваков изглед.

Hamptons 3Hamptons 2Hamptons 5

Од Калифорнија до тропските краишта

Нова верзија на бохо стилот инспирирана од екцентричноста на Калифорнија и тропските елементи. Доминантни се избледените тонови на сина и зелена, бежова и портокалова, геометриските и цветни принтови. Кошулите се со целосен цветен дезен во неколку нијанси на зелена боја, а чевлите се кожени.

California 2California 1California 6California 5California 4

x

Check Also

Фолтин на минусни температури ја собра Битола на Зимска приказна

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект ...