Машка линија Springfield пролет 2015

Лежерна и урбана колекција, за мажи со стил.

Nadvor od kancelarija (1)

Надвор од канцеларија

Црната и сивите нијанси во комбинација со бела боја, го доживуваат својот ‘come-back’.  Лежерен и урбан стил со доза на спортски елементи. Црна бомбер јакна, бела блуза со блуриран принт, кратка парка јакна  во комбинација со црни фармерки или панталони го доловуваат потребниот ефект. Кроевите се тесни и модерни со колор блокирање кај спортските чевли, кои исто така одлично изгледаат и во бела боја.

Nadvor od kancelarija (2)

 

Среќно секојдневие

Лежерна облека со позитивен и оптимистички став. Црвена, бела и сина за релаксиран изглед. Најпрепознатливи парчиња од колекцијата се маиците со две впечатливи линии, безбол  јакните, блејзерите, ветровките во разиграни бои и индиго фармерки….

 

Srekjno sekojdnevie (2)

 

Пустина

Колекција инспирирана од сафари и пустината, која се базира на земјени бои – песочна, зелена, бежова и силно избелување на џинсот. Парка јакната е носечко парче, а афро мотивите се присутни кај маиците и блузите.

Pustina (2)

Pustina (1)

 

„Кул“ синило

Доминантна индиго боја, комбинација на ројал сина боја и тиркизни тонови. “Разводнетите” тонови и комбинации како палто со бермуди со абстрактни принтови. Маиците пак, се исто така избелени, а присутни се и џинс кошулите и панталоните. Многу свеж „кул“ син изглед.

Cool sinilo (1)

Cool sinilo (2)

 

 

 

 

x

Check Also

Тајните ерогени зони на хороскопските знаци

Секој хороскопски знак има најмалку една или две скриени ерогени зони на ...