Маска за лице од морков како природен ботокс

Со маската од морков ќе ги отстраните уморот и брчите од лицето, а делува и како природен ботокс.

Познати се благодетите на морковот – изобилува со витамини, содржи етерско масло, пектин, јаболкова киселина, фитостерин, аспарагин, глутамин, пентозин, скроб, целулоза, слуз, белковини, минерални соли, а особено калиум. Сите овие состојки ќе ја нахранат уморната кожа, ќе придонесат за здрав и свеж изглед, но и ќе го затегнат лицето.

Природната маска за лице од морков се подготвува брзо и едноставно.

Во половина чаша вода растворете густин. Течноста префрлете ја во лонче и додадете 100 милилитри зовриена вода. Варете на тивок оган додека течноста не се згусне. Потоа, оставете смесата да се излади, па додадете свежо исцеден сок од морков. Добро измешајте.

Маската ставете ја на претходно исчистено лице и оставете ја да делува половина час. Отстранете ја со млака вода.

Количината од смесата која ќе остане, ставете ја во фрижидер и употребете ја маската повторно следниот ден.

Ефектите од оваа маска се видливи уште после првото нанесување. Кожата станува затегната, еластична и мазна, а лицето добива свеж изглед.

x

Check Also

Два нови женски парфеми од Versace -Dylan Blue и Dylan Turquoise

Водечките имиња во светот на моделството, Бела Хадид и Хајли Болдвин, позираат ...