Маска за совршени стапала од само две состојки

Сандалите се неизоставен моден детал за летото, но тие не изгледаат толку убаво на суви и груби стапала. За да се осигурате ова лето стапалата да ви изгледаат одлично, морате на време да почнете да ги хидрирате. За таа цел може да користите скапи креми кои се достапни во продажба или овој едноставен и ефтин рецепт.

Се што ви е потребно е половина зрела банана и малку мед. Со вилушка убаво изгмечете ја бананата, да се претвори во паста. На тоа додадете една лажичка мед, добро измешајте, па со добиената смеса убаво премачкајте ги стапалата. Особено обрнете внимание на петите да бидат добро покриени зашто тука кожата е најгруба. Премачканите стапала завиткајте ги со самолеплива пластична фолија и оставете ги да отстојат најмалку десетина минути.

Кога ќе ја извадите фолијата, стапалата убаво измијте ги, па направете пилинг со камен за петици. Ќе видите дека кожата е многу нежна и мека, и дека грубата кожа лесно се отстранува. Од преостаната половина банана може да направите некоја маска за лице или едноставно да ја изедете.

x

Check Also

Супермоделките Ирина Шајк и Џоан Смолс во нова кампања на Викторија сикрет Bombshell 

Bombshell е нов парфем од популарната марка за долна облека Викторија сикрет. За ...