Маски за лице против мозолчиња направени во домашната кујна

Моркови: Богати се со витамин А, морковите се одлични за намалување на лузни од акни и отстранување на црвенило. Прво, исечете поголем морков на поголеми парчиња, па измешајте го во мешалка додека не добиете хомогена смеса.

Може да додадете и малку брашно ако процените дека не е доволно густо за да се нанесе на лицето. Нанесете го на лицето, особено на инфицираните делови и оставете го да делува најмалку 10 минути. Исплакнете со млака вода и нежно исушете ја кожата.

Јогурт: Измешајте 4 лажици јогурт со 2 лажици брашно и нанесете ја смесата на претходно измиено лице. По 15 минути, измијте со ладна вода. Оваа маска, за која се покажа дека е добра во лекувањето на мозолчиња, истовремено ја храни кожата и помага во отстранување на мртвите клетки.

Јаболка и мед за сува кожа: Оваа маска е исто така многу лесна за правење. Доволно е да изрендате половина јаболко и да го измешате со 4 лажици мед. Маската е идеална за секојдневна употреба. Држете ја 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Сода бикарбона: Измешајте сода бикарбона со онолку вода колку што е потребно, така што смесата да не биде ниту ретка ниту премногу густа за да се нанесе. Нанесете ја маската на исчистено лице и почекајте да се исуши целосно пред да ја отстраните со топла вода. Нанесувајте од маската секој ден, или најмалку 3-4 пати неделно.

x

Check Also

Совети за совршена шминка според формата на очите

Не постои универзален начин на шминкање, особено кога станува збор за очи. ...