За сјајна коса можете да ги испробате следниве масла за коса

За сјајна коса можете да ги испробате следниве масла за коса.

Рицинусовото масло е одлично кога ви е потребно нешто за побрзо растење на косата. Сепак, тоа е прилично масно и лепливо и тешко е да се нанесе на косата, затоа го мешаме со други масла. Кокосовото и бадемовото се добра варијанта.
Помешајте еден дел рицинусово масло и два дела кокосово или бадемово масло. Добиената смеса нанесете ја на косата навечер пред да си легнете. Рицинусовото масло посебно добро делува кога е топло, па затоа врз косата ставете капа за туширање и замотајте ја косата со пешкир. Изутрина измијте ја косата со шампон и оставете ја природно да се исуши.

Кокосово масло содржи масни киселини кои имаат антибактериски и антигабични својства и затоа е посебно добро за здрава кожа на главата. Косата лесно го упива без да остане масен слој на влакното и затоа е добар избор за да го вратите сјајот на косата. Третманот правете го трипати неделно на следниов начин: Измијте ја косата со шампон. После тоа растопете го кокосовото масло и добро нанесете го на косата, особено на сувите и на испуканите краеви. Оставете да делува пет минути и добро исплакнете ја косата.

Маслиновото масло е проверен начин за враќање на сјајот на косата. Потребно е само малку да го загреете пред третманот, бидејќи тогаш липидите подобро се раствораат и косата подобро ги упива. Нанесете го рамномерно на косата, ставете капа за туширање, завиткајте ја косата во пешкир и оставете да стои барем еден час. Потоа измијте ја косата со шампон. Користете го овој третман неколкупати по ред и ќе видите дека косата многу брзо ќе ги поврати виталноста и сјајот.

x

Check Also

Како до ефикасна нега на кожата според нејзините индивидуални потреби

Последните 2 децении доста често се менува пристапот за нега на кожата ...