Маслиново масло и лимон – успешна комбинација за слабеење

Маслиновото масло е исклучително богато со мононезаситени киселини, со многу витамини, а пред се со витамините А и Е. Комбинацијата на маслинова масло и лимон пак, е добро позната и важи за едно од најдобрите природни средства за чистење на црниот дроб, односно за детоксикација на целиот организам.

Добитна комбинација за слабеење

Комбинацијата на маслиново масло и лимон се користи за чистење на организмот, а посредно и за слабеење бидејќи ја регулира пробавата. Се смета дека оваа мешавина помага и за исфрлање на камени од бубрегот.
Најдобро е маслиновото масло со лимон да се конзумираат наутро, на празен желудник.
Земете 1 мала лажичка маслиново масло и во неа додадете неколку капки лимонов сок. Пожелно е потоа да испиете чаша млака вода. Доколку сте на диета, салатите секогаш збогатувајте ги со цеден сок од половина лимон и лажица маслиново масло.

x

Check Also

Топ 5 совети за рамен стомак

Ако се придржувате до овие 5 правила, за прилично краток период ќе ...