Масло од тиква – Како влијае на слабеењето

Поради својот единствен состав, маслото од тиква придонесува за губење на килограмите, а не дозволува создавање на масни наслаги на проблематичните делови – на задникот, колковите и стомакот. Покрај тоа, маслото од тиква ги отстранува токсините од организмот и го подобрува матеболизмот, што помага за намалување на целулитот.

Доколку сакате да загубите килограми потребно е да користите масло од тиква. Но запомнете, ако се загрее – тогаш сите корисни супстанци ќе исчезнат, па нема да имате никаква полза. Затоа употребувајте го како додаток за салати или на следниве начини:

Наутро на празен стомак земете 1 лажичка масло од тиква. Доколку не можете да го испиете така „чисто“ помешајте го во вашето омилено утринско смути или пак едноставно помешајте го со малку мед. По 15-на минути од конузмирањето, можете да појадувате. Потребно е да пиете масло од тиква 3 недели последователно, за да го почувствувате делувањето. Нутриционистите веруваат дека за овој период можат да се загубат до 5 килограми.

Маслото од тиква може да го конзумирате со зеленчук, односно со секој прилог од зеленчук кој ќе го подготвите за ручекот. Не заборавајте дека е премногу вкусно во комбинација со компир (варен), а одлично „оди“ и врз оризот па дури и врз посното месо!

Употербувајте од маслото од тиква секојдневно по три лажички, за појадок, ручек и за вечера. Резултатите нема да изостанат во намалувањето на конфекцискиот број, но и во сјајноста на кожата и косата. А кога сме веќе кај кожата, да се потсетиме дека најдобрата маска за нега на кожа се прави токму од чистото масло од тиква.

x

Check Also

Викендов се одржа четвртото издание на најголемиот настан за здрав и активен животен стил

На големо задоволство на јавноста, викендов се одржа четвртото издание на Health, ...