И Massimo Dutti има фустанчиња со цветен принт. И многу се елегантни

Ловот на цветни фустанчиња продолжува, како да сакаме што поскоро да ја донесеме пролетта и убавото време. Овојпат одбираме четири елегантни фаворити од Масимо Дути.

Тоа што особено ни се допаѓа кај овие модели, освен прекрасниот крој, се и боите. Нежните нијанси како белата и розовата, црвената – за оние со истенчен вкус и секако, класичната црна (со плисиран материјал и карнери) со жолти цветови.

Во комбинација со складен кардиган ги носиме и на работното место, додека за свечени пригоди – совршени се само по себе па дури и кога не носиме накит.

Погледнете ги „одблизу“.

x

Check Also

#VERYUS – WOMEN’SECRET ЈА СЛАВИ 25-ГОДИШНИНАТА СО ВИСТИНСКИ ЖЕНИ КАКО СИТЕ НАС

Women’secret ја слави 25-годишнината од своето постоење со кампањата VERY US во ...