Massimo Dutti има прекрасна свечена колекција за есен 2017

Massimo Dutti ја најавува есенската сезона со преубава колекција наменета за посвечени пригоди, иако некои од модните парчиња може да ги носиме и на работното место внесувајќи голема доза на елеганција во деловниот изглед.

За претстојната сезона Massimo Dutti предлага вечерни фустани и комбинезони од плиш, свилени и сатенски кошули со предимензионирани панделки, раскошни платки, женствени панталони со висок струк и повеќе неутрални палта со совршен крој.

Материјалите се многу квалитетни, а дизајните одлично осмислени.

Не пропуштајте да ја погледнете оваа лимитирана колекција, во фотогалеријата.

x

Check Also

Фолтин на минусни температури ја собра Битола на Зимска приказна

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект ...