Massimo Dutti има супер чанти за есенската сезона

Ако и вие сте во потрага по нова, есенска чанта, погледнете ја есенската колекција на Масимо Дути.

Од елегантни до трендовски модели, во различни големини и во потемни тонови, овие чанти ќе внесат шарм на секоја модна комбинација.

Најбарани нијанси за оваа сесона се бордото и сината, но тука се и тоновите кои „одат“ со се – црните и кафените чанти.

Моделите ги задоволуваат различните вкусови, па има и за оние кои сакаат чантата да ја носат преку рамо, заоние кои сакаат чантичката да ја држат во рака, како и оние кои ги сакаат трендовски модели на ранец-чанта кои се носат преку рамото.

x

Check Also

Што велите за новите патики „ПУМА“? Супер се, ќе ви ги покаже Кара Делевињ

Супермоделот Кара Делевињ е главно лице во новата кампања на Пума за ...