Massimo Dutti ја лансираше есенската кампања за новата колекција

23-годишната холандска убавица Ријан Ван Ромпеј е ѕвезда во новата кампања за сезоната есен 2019 на модната марка Масимо Дути.

Дизајнерите од шпанската модна марка, акцентот го ставаат на палтата и капутите со вештачко крзно, панталоните со должина до глуждовите и раскошните плетки – џемпери и ролки.

Кожените мантили се враќаат на модната сцена, а се носат со високи чизми.

Дискретниот накит, како и елегантните тенки ремени, секогаш се добредојдени, па така и во оваа колекција.

 

x

Check Also

Mango Committed 2021, колекција дизајнирана за пролет/лето со еко-материјали

Моделката Фелис Ноурдхоф позира за колекцијата на Манго за сезоната пролет/лето 2021. ...