Massimo Dutti ни носи многу женственост за пролет/лето 2017

Колекцијата од шпанската модна куќа Масимо Дури за потоплите денови изобилува со женственост и шарм.

Разголени раменици, видливо стомаче, сатенски фустани кои лелеаво се спуштаат надолу, цветни принтови и нагласен струк, широки панталони во париски шик стил и тесни блузички кои ја нагласуваат женската силуета.

Меѓу боите доминира зелената, која е всушност и боја на 2017 година, како и тиркизната и златно-жолтата, но тука се и елегантните црна и бела боја кои ги прават модните парчиња од колекцијата лесни за комбинирање.

Што се однесува до нас, сосема „збрлавени“од новите модели, едвај ја чекаме во нашите продавници.

 

x

Check Also

ДЕНОВИ НА ВИНО И ЉУБОВ ОД 12 до 14 ФЕВРУАРИ ВО РАМСТОР МОЛ

Од 12 до 14 февруари во Рамстор Мол ќе се одржат Денови ...