Miracle Contouring - палета од осум кремасти нијанси на пудри/коректори

Max Factor има нови супер производи за контурирање на лице

Ако мислевте дека контурирањето е тешка работа резервирана само за визажистите, Max Factor не разуверува во тоа.

Miracle Glow Duo

Со новата палета насловена Miracle Contouring овозможува со едноставна техника во три чекори да направиме сами контурирање на лицето, нагласувајќи ги цртите на лицето, но и визуелно правејќи го лицето поиздолжено.

Новиот произво е осмислен со цел брзо постигнување на резултати, па дури и оние најзафатените сега можат да креираат нежна дефиниција, ставајќи ја во фокус природната структура на лицето. Miracle Glow е дуо комбинација од два кремасти хајлатери од кои еден е во мат нијанса, а другиот е сјаен. Со мат пудрата постигнуваме рамномерна боја и изедначен тен, додека со сјајниот ги нагласуваме одредените зони на лицето.

x

Check Also

Два нови женски парфеми од Versace -Dylan Blue и Dylan Turquoise

Водечките имиња во светот на моделството, Бела Хадид и Хајли Болдвин, позираат ...