Мажите и долната облека | класика или принт?

Што би сакале мажите кога станува збор за долната облека? Нашето истражување вели дека се повеќе и мажите ги следат трендовите на принт изданија долна облека, иако не го занемаруваат и класичниот дел на бои и форми во нивниот плакар.

Знаеме дека мажите имаат специфичен и точно дефиниран стил и вкус, затоа треба да одберете нежни памучни метеријали кои ќе го пратат активниот маж во текот на денот, студии, работа, вежбање, спортување, состаноци.. бидејќи за него многу е важно чувството на пријатност и удобност.

Девојки и жени, кој ќе биде вашиот избор ако треба да го подновите вашето момче или сопруг со ново парче на долна облека? Во прилог е изборот на Макмода, а вие направете го вашиот според стилот на онаа личност која ќе го прими подарокот.

ТИП 1: Сериозни, безвременски, класични

За сите мажи кои претпочитаат стандарнии форми и бои. Бела, сива, тегет, црна.. во стилот на слип или боксерки во комбинација со маица на дебели прерамки или кратки ракави. Доколку личноста во својот плакар има поголем број на сакоа, одела, кошули во еднобојни нијанси – тогаш изборот е безвременска класика со вистински квалитет.

ТИП 2: Забавни, искрени, впечатливи

Мажите кои сакаат да ги следат трендовите се енергични, забавни и би избрале впечатлива долна облека. За нив одберете принт дезени кои секако би биле во согласност со омилените бои, или боите кои преовладуваат во неговиот плкар. Во овие принт дезени најчеста форма се боксерките, а изработката секако треба да биде од висококвалитетни материјали кои се значајни за секој маж.

Овие предлози можете да ги погледнете на Премиум профилите на социјалните мрежи фејсбук-  – ТУКА, и инстаграм – ТУКА., па така подобро ќе го дефинирате вашиот избор.

 

x

Check Also

Вистински Cyber Monday на Fashion Group со -30% попуст на се

Понеделникот кој сите го сакаме, вистински Cyber Monday на Fashion Group само ...