Мебелот од меури на Мартин Деј Солиер

Мебел од големи меури кои се прилагодуваат на положбата на вашето тело додека релаксирано го читате новиот омилен роман. Мартин Деј Солиер  1

Меурите на Мартин Деј Солиер не се од сапуница кои лесно ќе „пукнат“ па затоа немојте да стравувате и целосно опуштете се во оригиналните дизајни на овој млад белгиски уметник. Во силни бои и во големи димензии се изработени парчињата мебел во кои секое меурче е исполнето со убава сунгереста пена која ги следи положбите на телото, а чувството додека уживате на една од големите фотелји или на сината удобна софа е како да ве масираат во омилениот спа центар.

Мартин Деј Солиер  6

„ Мутација“ е името на оваа серија дизајнерски мебел која никого нема да го остави рамнодушен. Желбата е нависина голема барем за момент да „дремнете“ на овие меурести парчиња мебел и да уживате во сопствената „мутација“ во нова релаксирана личност.

Мартин Деј Солиер  5

Фотографија: Нико Нивс

М.Р.

x

Check Also

Започнува продажбата на новиот HUAWEI WATCH FIT на македонскиот пазар

Најновиот модел на фитнес паметен часовник на Huawei – HUAWEI WATCH FIT сега е ...