Принцот Хари и војвотката од Сасекс Меган Маркл, ќе мора да се откажат од титулите и нема повеќе да добиваат пари од јавните фондови за должности на членовите на кралското семејство, соопшти Бекингемската палата.
Според BBC, војводата и војвотката од Сасекс рекле дека имаат намера да надокнадат за поправка на Фрогмор, куќата која ја користеа, а таа ќе остане нивен дом во Обединетото Кралство.
Двојката, исто така, повеќе нема формално да ја претставува кралицата. Оваа одлука е донесена откако Хари и Меган соопштија дека се повлекуваат од кралскиот живот и сакаат да бидат финансиски независни.
Кралицата Елизабета Втора официјално ја поддржа нивната одлука после семејниот состанок на кој за оваа тема подетално зборувала со внукот Хари.