Меган и Хари на одмор во Италија кај Џорџ Клуни, но не излегле од вилата

Принцот Хари и Меган Маркл одморот го минуваат во Италија. Славната кралкса двојка се придружи на долгата листа познати личности кои престојувале во куќата на Џорџ и Амал Клуни во идиличното Лаго ди Комо.

Италијанските медиуми, и покрај големата приватност која парот ја има, дојдоа до некои информации:

Пристигнале во тајност, со приватен лет, придружени од тајните служби и италијанската полиција. Според списанието „Ки“ двојката за време на продолжениот викенд кај семејството Клуни, ниеднаш не ја напуштила вилата, која инаку, датира од 18-от век.

Деновите ги поминувале во целосна релаксација, меѓу базенот и кошаркарскиот терен.

Меган уживала во сончањето, но и во играњето со Александар и Ела, близнаците на Џорџ Клуни и Амал Аламудин, кои го прославија првиот роденден минатиот јуни.

На езерото Комо не недостасуваат воопшто прекрасните места, но таквите прошетки за Хари и Меган би биле ризични, особено поради бројните папараци кои биле насекаде. Затоа Џорџ Клуни решил да ги забавува своите гости со организирање мала гала вечера во неговиот дом во саботата вечер. На вечерата биле поканети околу 15 луѓе, се уживало во различни специјалитети, шампањ, врвни италијански вина.., но и се танцувало.

По забавата, Хари и Меган следниот ден го имале целиот за релаксација. Моментот за пакување на куферите дошол по раскошниот ручек во неделата. Всушност, Хари Меган престојувале во вилата од 16-ти до 19ти август, а во неделата попладне повторно во тајност, преку аеродромот Малпенса, Меган заминала за Торонто, а Хари за Лондон. Во Торонто, Меган требала да се подготви за официјалната посета (во придружба на Хари) во Австралија и Нов Зеланд.

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...