Меган и Хари ја „сменија“ Канада за Лос Анџелес

Војвотката и војводата од Сасекс со синчето одлучиле да ја напуштат Канада и да се преселат во САД, поточно во Лос Анџелес, пишуваат американските медиуми.

Изборот паднал на Лос Анџелес кој е всушност роден град на Меган. Парот се уште не купил сопствен имот, туку живеат во добро изолирана куќа поради коронавирусот, а и далеку од погледите на јавноста.

Според американските медиуми, Меган Маркл отстекогаш сакала да се врати во родниот град, меѓу другото и поради можноста за развој на актерската кариера.

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...