Меган и Хари со ексклузивно интимно интервју за Опра, кралицата шокирана!

Меган Маркл и принцот Хари ги интервјуираше нивната пријателка Опра Винфри. Во 90-минутното интервју популарниот пар зборуваа за „Мегзит“.

Ова е првото интервју дадено од Меган Маркл (39) и принцот Хари (36) од нивното напуштање на Велика Британија.  И за таа пригода тие ја избраа нивната пријателка и сосетка во Калифорнија: Опра Винфри, многу моќна жена во американските и меѓународните медиуми, престижна гостинка на нивната венчавка во Виндзор, во мај 2018 година. Двојката, која штотуку објави дека го чека своето второ дете, веќе го сними интервјуто, насловен како Опра со Меган и Хари: CBS Primetime Special, што ќе се емитува во ударен термин на 7 март.

Во околу 90 минути разговор најавен како „интимна исповед“, војвотката од Сасекс ќе зборуваа слободно за своите искуства на суд,  и за личните последици од Мегзит, што значи за нив да станат родители, како и за нивната иднина и интензивниот јавен надзор на кој постојано се подложени.

Но, оваа вест не била добро прифатена од кралицата Елизабета, која била многу изненадена од потегот на нејзиниот внук, но факт е дека бидејќи веќе не ја застапуваат во јавноста, Меган и Хари немаат обврска претходно да ја известуваат за своите медиумски обврски. Накусо, веста за интервјуто била пречекана со ужас во Бакингемската палата за можните последици од него.

x

Check Also

Меган Маркл го доби случајот во спорот со британските таблоиди

Меган Маркл (39) победи во случајот против британските весници: Британските таблоиди не ...