Меган и Хари со шокантна најава: Сакаме финансиска независност

Војводата и војвотката од Сасекс штотуку ги искажаа своите идни планови кои, како што пишуваат, нема да влијаат на образованието на малиот Арчи, но ајде да дознаеме повеќе.

Шокантната изјава на војводата и војвотката од Сасекс беше објавена на Инстаграм. Меган и Хари немаат намера да подолжат да бидат „ високи “членови на кралското семејство и сакаат да работат за да станат финансиски независни, додека ќе продолжат целосно да ја поддржуваат Нејзиното Височество кралицата.

„После повеќемесечни размислувања и внатрешни дискусии, оваа година избравме да направиме транзиција и да започнеме нова прогресивна улога во рамките на оваа институција. Имаме намера да се повлечеме како „високи“ членови на кралското семејство, и да работиме за да станеме финансиски независни, истовремено продолжувајќи целосно да ја поддржуваме Нејзиното Височество кралицата. Со вашето охрабрување, особено во последниве години, се чувствуваме подготвени да ја заземеме оваа позиција. Сега планираме да го балансираме нашето време меѓу Велика Британија и Северна Америка, продолжувајќи да ја почитуваме нашата должност кон кралицата, Комонвелтот и нашите патрони.  Оваа географска рамнотежа ќе ни овозможи да го воспитаме нашиот син да ја цени кралската традиција во која се роди, а истовремено и ќе му обезбедиме на нашето семејство простор да се фокусира на следното поглавје, вклучувајќи го и започнувањето на нашиот нов добротворен ентитет. Со нетрпение очекуваме да ги споделиме сите детали за овој возбудлив следен чекор, додека продолжуваме да соработуваме со Нејзиното величество кралицата, принцот од Велс, војводата од Кембриџ и сите релевантни институции. Дотогаш, ве молиме прифатете ја нашата најдлабока благодарност за вашата континуирана поддршка.“

 

x

Check Also

Џенифер Лопез на Инстаграм со влажен изглед и портокалов кармин

Ѕвездата постојано објавува фотографии на социјалните медиуми за да испрати порака на ...