Меган Маркл дизајнира колекција за жени која ќе се продава во Marks & Spencer

Очигледно е дека и покрај жештините, а и покрај обврските на мајка, Меган Маркл е многу зафатена. По уредувањето на британското септемвриско издание на Вог, војвотката од Сасекс работи на колекција облека за жени.

Колекцијата, на есен, ќе се продава во британските стоковни куќи Marks & Spencer и John Lewis & Partners. На овој проект, Маркл соработува со пријателката и модна дизајнерка Миша Нону. парите од продадените модни парчиња ќе одат во хуманитарни цели, поточно во агенцијата Смарт Воркс која се залага за вработување на невработените жени и за нивните права.

Овој моден и хуманитарен проект Маркл го најавила во септемвриското издание на Вог кое го уредува.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...