Меган Маркл е вљубена во чевлите од Aquazurra

Во средата, војвотката од Сасекс го посети Националниот театар, а за таа пригода одбра деловна модна комбинација.

Меган Маркл носеше фустан и палто од Brandon Maxwell, а минималистичкиот изглед го дополни со бели чевли со потпетици од Aquazurra. Истите овие чевли Маркл ги носеше и дента кога со принцот Хари ја објавија нивната свршувачка, во 2017 година.

истите чеви ги носеше во 2017

Маркл не ги повторува речиси никогаш модните парчиња кои ги носи, па затоа овие чевли привлекоа внимание.

Покрај неколкуте брендови за чевли кои Меган Маркл одбира да ги носи, меѓу кои и чевлите од Маноло Бланик, сепак, доминира изборот на чевли од Aquazurra.

Маркл во сандали од Aquazurra при посетата на Австралија

 

x

Check Also

Кански филмски фестивал: Моделите на црвениот тепих

Освен глумците, на црвениот тепих на Канскиот филмски фествал се појавија бројни ...